Нема напаѓач како Халанд – нови рекорди на норвешкиот „терминатор“

Нема напаѓач како Халанд – нови рекорди на норвешкиот „терминатор“

пред 3 години

Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Пари Сен-Жермен, Ливерпул, Челси… И уште еден куп клубови кои во своите редови го сакаат Норвежанецот Ерлинг Халанд, кој денеска постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите и покажа зошто ќе биде најпосакуваниот фудбалер во следниот летен преоден рок.

Халанд, кој да потсетиме има само 21 година, има постигнато 21 гол во 17 мечеви во елитното клупско натпреварување, со што е најмладиот кој стигнал до оваа цел. Рекордите сигурно ќе паѓаат и во иднина, а и самиот Норвежанец пред некое време дека според него мора да има повеќе постигнати голови отколку мечеви. За Борусија Дортмунд, тој вкупно има одиграно 66 меча во кои има постигнато 66 гола.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ЛШ: Шериф со совршено деби, Халанд пак со гол за Борусија

 

Share
Scroll to Top