Нема топла вода за играчите на Атлетико

Нема топла вода за играчите на Атлетико

пред 10 часа

Вечерва во 21:00 часот, Арсенал ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од дерби натпреварите од третото коло на Лигата на шампионите. Натпреварпт доби предигра, за која пишуваат шпанските медиуми. Го истакнуваа не домаќинското однесување на Арсенал.

Атлетико тренираше на „Емирати“ еден ден пред натпреварот. По тренингот, играчите на гостите ги пречека непријатно изненадување.

Немало топла вода во нивната соблекувална, како и во другите соблекувални на „Емирати“, па играчите на Атлетико, испотени и валкани, заминаа во автобусот, кој ги однесе во хотелот. Конечно се истушираа таму, но според медиумите од Шпанија, тие се бесни на Арсенал што не им обезбеди минимални хигиенски услови.

„Играчите се огорчени, а клубот веќе поднесе официјална жалба до УЕФА поради инцидентот што се случи на „Емирати“, објавува шпанското радио „Кадена Сер“ од Лондон, додавајќи: „Ситуацијата што ја доживеаа играчите на Атлетико е несоодветна за најсилното клупско натпреварување во светот.

Станува збор за необичен инцидент во елитниот фудбал. Целата ситуација добива дополнителна тежина бидејќи дефектот на инсталациите на Арсенал бил пријавен во 17:30 часот, кога тимот пристигна на стадионот, но лондонскиот клуб не можеше да најде никакво решение.“

Share
Scroll to Top