Кошаркарскиот клуб Арис развива сериозен проект, што треба на клубот да му ја врати старата слава, која ја имаше во ерата на кошаркарската легенда Никос Галис.
Нов тренер на клубот е актуелниот селектор на Грција, Василис Спанулс, а како што пишуваат грчките медиуми, прв засилување во новата ера треба да биде македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.
Димитријевиќ има добра сезона во дресот на Баерн. Со тимот од Минхен тој избор пласман во финалето на плејофот. Плејмејкерот, во Баерн пристигна во текот на сезоната од Зенит, на барање на славниот тренер Светислав Пешиќ.
Според информациите што доаѓаат од грчките медиуми, преговорите меѓу Арис и Димитријевиќ се во завршна фаза.
Веднаш по завршувањето на сезона во Германија, се очекува македонскиот кошаркар да ја официјализира соработката со Арис.
Арис сладната сезона ќе се натпреварува во грчкото првенство и во Еврокупот. Јасно е дека Спанулис ќе влезе во новата сезона со цел да го освои Еврокупот, со што би изборил пласман во Евролигата.
Foto/ EPA






