Во еден од најбизарните фудбалски моменти оваа година, финалето на женскиот Холандски куп помеѓу ПСВ Ајндховен и АДО Ден Хаг, ни донесе нешто што не сме виделе досега – досуден пенал за протестирање на недосудена игра со рака!
Џану Левелс креваше рака барајќи игра со рака од една фудбалерка на АДО Ден Хаг, кога топката ја погоди нејзе во крената рака, и судијката Шона Шукрула без размислување досуди пенал.
За среќа, ова не значе многу за ПСВ, бидејќи голманката Сари ван Фенендал го одбрани ударот од белата точка, а ПСВ потоа ја освои титулата со победа од 1:0.
✋ Appelleren voor een handsbal
? De bal zelf op je hand krijgen
❌ Strafschop tegen
Een ongelukkig moment voor PSV-speelster Janou Levels. Gelukkig voor haar werd de penalty gemist. pic.twitter.com/mr1yCFheJw
— ESPN NL (@ESPNnl) June 5, 2021