Нејмар сака да го раскине договорот со Ал Хилал и да добие 65 милиони евра

Нејмар сака да го раскине договорот со Ал Хилал и да добие 65 милиони евра

пред 12 часа

Бразилскиот фудбалер Нејмар очекува да добие уште 65 милиони долари за раскин на договорот со Ал Хилал.

Според водечкиот бразилски спортски медиум „Глобо Еспорте“, Нејмар има намера да го раскине договорот со саудискиот клуб и да добие отштета.

И доколку договорот биде раскинат предвреме, Нејмар очекува дека ќе му бидат исплатени 65 милиони долари, сума што му следува како плата до крајот на договорот, до летото 2025 година.

Нејмар оваа сезона одигра само два меча, поточно вкупно 42 минути. Бразилецот е надвор од терените од ноември бидејќи се опоравува од повредата на колкот, а претходно не играше 12 месеци поради тешка повреда на коленото.

Славниот фудбалер дојде во Саудиска Арабија летото 2023 година од Пари Сен Жермен.

Претходно беше објавено дека тој има намера да се врати во својот матичен клуб Сантос, каде ја започна својата кариера. Нејмар во февруари ќе наполни 33 години.

Share
Scroll to Top