„Никогаш немојте да ме споредувате со Роналдо“

„Никогаш немојте да ме споредувате со Роналдо“

пред 3 години

Ромелу Лукаку, синоќа, против Чешка го одигра јубилејниот 100. натпревар за Белгија. Напаѓачот на челси постигна еден од трите гола во победата на Белгија. Досега, Лукаку има постигнато 68 голови за националниот тим.

Лукаку во новата сезона продолжи со голгетерската форма која ја имаше минатата сезона, кога со Интер ја освои шампионската титула.

По мечот, на прес конференцијата, новинарите го прашале дали ќе може да го достигне светскиот рекорд од 111 голови на Кристијано Роналдо.

„Никогаш немојте да ме споредувате со него. Никогаш. Кристијано според мене е еден од тројцата најдобри напаѓачи во историјата на фудбалот. Нима да кажам далие број1, 2 или 3. Тоа што тој го има постигнато во фудбалот е неверојатно за сите од мојата генерација. Имав среќа што се натпреварував против него во Италија. Сега ќе бидеме ривали и во Премиер лигата. Да ги споредувате нашите статистики нема локига“, рекол Лукаку.

Share
Scroll to Top