Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс не доби ниту еден глас за најдобар играч во НБА лигата.
Пред почетокот на сезоната претставници и генерални менаџери во НБА тимовите гласаат за тоа кој е најдобриот играч во лигата, и зачудувачки Леброн не добил ниту еден глас.
По 5 претставници на тимовите гласале за Јанис Адетокумбо и за Кевин Дурент.
Главната причина е што грчкиот кошаркар го однесе Милвоки до титулата по пауза од 50 години, а Дурент „ги носеше на грб“ Нетси откако Харден и Ирвинг се повредија.
Следуваше реакција од „кралот“ на Твитер:
„Ви благодарам! Само ми додадовте уште малку гориво“ напиша Џејмс.
THANK YOU! As if I didn’t need more to⛽️ ME! #Washed?
— LeBron James (@KingJames) August 19, 2021