Нов пораз на Леванте – Бетис победи во Валенсија

Нов пораз на Леванте – Бетис победи во Валенсија

пред 3 години

Леванте го забележа третиот пораз во низа, вкупно 14.во Ла Лига од почетокот на сезоната. Попладнево, Бетис победи на теренот на Леванте со 4:2. Екипата чии дрес го носи Енис Барди со само 11 поени е закована за дното на табелата. Македонскиот репрезентативец на овој меч одигра 25 минути, на теренот влезе на местото на стрелецот на головите за Леванте, Гомез.

Бетис постигнаа три гола за 40 минути на градскиот стадион во Валенсија. Фекир ја отвори серијата во 14.минута, потоа гол постигна Гонзалес, а на 3:0 зголеми Карваљо.

Леванте со два брз гола намалија на 2:3. Гомес погоди во 43. и 47.минута.

На вториот гол на Гомез, експресно одговри Фекир во 49.минута кога постави конечниот резултат.

Леванте натпреварот го заврши со фудбалер помалку, ветеранот Солдадо доби црвен картон во 71.минута.

Share
Scroll to Top