Нов срам за Арсенал – Мејтленд-Најлс бара трансфер преку Инстаграм

Нов срам за Арсенал – Мејтленд-Најлс бара трансфер преку Инстаграм

пред 3 години

Како да не беа доволни трите порази на стартот на сезоната во Премиер лигата, на Арсенал им се заканува нова срамота, откако нивниот талент Ејнсли Мејтленд-Најлс побара да добие трансфер преку социјалните мрежи.

Англискиот интернационалец, кој би бил последниот продукт на академијата на Арсенал кој си заминува од „Емирати“, преку Инстаграм прати порака за да го примора трансферот во Евертон.

„Само сакам да одам каде што ме сакаат и каде што ќе играм, Арсенал“, напиша Мејтленд-Најлс.

24-годишниот Мејтланд-Најлс влезе како замена при 5:0 поразот од Манчестер сити во саботата. Минатата сезона тој беше на позајмица во Вест Бромвич Албион, а има уште две години од договорот со „топчиите“.

Арсенал веќе го продадоа Џо Вилок на Њукасл за 22 милиони фунти, а се верува дека ќе заминат и Еди Нкетија и Рејс Нелсон од академијата на клубот. Арсенал потроши 130 милиони фунти на Бен Вајт, Мартин Одегард, Арон Ремсдејл и Алберт Самби Локонга ова лето.

Share
Scroll to Top