Нов тесен пораз за германските ракометари во Токио

Нов тесен пораз за германските ракометари во Токио

пред 3 години

Франција стигна до третата едноподруго победа на ракометниот турнир во Токио, за да се пласира во четврт-финалето, откако со 30:29 ја победија Германија, за која ова е втор драматичен пораз на турнирот.

Французите имаа фантастично прво полувреме, во кое поведоа со 14:7 поддржани од фантастичниот Винсен Жерар, пред Германците да се вратат во игра и да поведат со 19:18 на дваесет минути пред крајот.

По ова следуваше израмнета игра, пред Кентин Мае и Иго Деска да ја вратат предноста на два гола (30:28) за голема победа.

Share
Scroll to Top