Нов циркус во Реал: На уште еден играч му била прегледана погрешна нога

Нов циркус во Реал: На уште еден играч му била прегледана погрешна нога

пред 3 часа

Бурата околу повредата на Мбапе и неговиот погрешен третман сè уште не е стивната, а во Реал се појави нов скандал.

Имено, неодамна францускиот „РМЦ“, објави информација дека лекарите на мадридскиот клуб го прегледале погрешното колено на Мбапе, поради што тој не започнал веднаш со вистинската терапија и третман.

И додека напаѓачот ги негираше овие информации, „Лекип“ објави дека истото се случило и со Едуардо Камавинга.

На играчот од редот за врска на Реал, му бил прегледан и скениран со магнетна резонанца зглобот на глуждот на погрешната нога. Тоа се случило по натпреварот во Билбао на 3 декември.

Неколку дена потоа, тој се најде на клупата против Селта, а кога откриле што направиле Камавинга морал да отсуствува две недели.

Ќе видиме како Реал ќе реагира на овие тврдења…

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top