Лошата серија резултати на Атлетико Мадрид продолжува, откако тимот на Диего Симеоне и трет меч во низа не успеа да победи во Ла лига, губејќи со 1.0 од Мајорка во меч од 14. коло.
Покрај целосната елиминација од европските натпреварувања, потпросечната форма во националниот шампион ги остава „рохибланкос“ на седмото место со дури 13 поени заостанување зад лидерот Барселона и го прави невозможното – поставува притисок на позицијата на Симеоне, која досега се сметаше за една од најстабилните во Европа.
Херој на Мајорка беше поранешниот фудбалер на Лацио, Косовецот Ведат Муриќи, кој стрелаше во 16. мнинута од мечот, што потоа се покажа како одлучувачки гол. Ова беше осми гол на Муриќи оваа сезона и само Роберт Левандовски со 13 гола е поефиксен во шпанската лига. Атлетико, секако, имаше повеќе од поседот на топката и повеќе обиди на голот на домаќините, а во 21. минута од мечот им беше поништен голот на Алваро Мората поради офсајд ситуација.