Новата ѕвезда на Барселона „батериите ги полни“ во Хрватска

Новата ѕвезда на Барселона „батериите ги полни“ во Хрватска

пред 3 години

Новата фудбалска ѕвезда на Барселона – Холанѓанецот Мемфис Депај реши летниот одмор да го помине во Хрватска, во Лошињ.

Каталонскиот гигант и фудбалерот потпишаа договор до крајот на сезоната во 2023 година.

Играчот кој фудбалските чекори ги направи во Спарта Ротердам, а како прволигаш дебитираше во ПСВ стана еден од најдобрите холандски фудбалери во денешницата. Со 26 години брилјираше во Лига 1, а претходно ги бранеше боите и на Манчестер Јунајтед.

Во првиот состав на Холандија беше на сите 4 меча на ЕУРО 2020, а погодуваше и против Австрија и против Македонија.

Додека не се започнати подготовките под палката на неговиот сограѓанин Роналд Куман одлучил да се одмора на хрватскиот брег. Со него се и пријателите, а друштво му прават и неговите кучиња.

Share
Scroll to Top