Фернандо Торес продолжува да ги импресионира своите навивачи со фантастичната трансформација на своето тело, откако се појави негова фотографија во теретана.
36-годишниот Торес се повлече од фудбалот во јуни 2019 година, и никогаш не беше познат како физички силен на теренот, но во пензија очигледно си нашол ново хоби. Кога пред неколку недели потпишуваше договор да стане тренер на Б-тимот на Атлетико, првпат беше забележана неговата трансформација.