Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

пред 10 часа

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал ​​Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза.

Најстрашниот момент од натпреварот се случи во третата минута од судиското продолжение. Донарума ја зеде топката пред Мусијала, но и падна врз него. Германецот беше сериозно повреден и мораше да го напушти натпреварот, а италијанскиот голман беше во солзи. Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер, го критикуваше Донарума: „Тоа беше ситуација каде што немаше потреба да се влегува така. Беше преземање ризик. Тој беше спремен да го преземе ризикот да го повреди противникот.“

„Отидов кај него и му реков: „Не сакаш ли да одиш да го видиш нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит, да му се приближиш и да му посакаш се најдобро. Дури тогаш тој го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од тоа. Јас би реагирал поинаку.“

 

Share
Scroll to Top