Стартот на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска за македонската ракометна репрезентација можеше да почне и подобро, откако по првото полувреме против фаворизираната Норвешка, тимот на Кирил Лазаров има негатива од дури седум гола (18:11).
Норвежаните почнаа со водство од 2:0, a ние чекавме до првиот гол по 5 минути игра. Меѓутоа, играта во нападот не беше главниот проблем на македонската репрезентација, туку начинот на кој Норвешка лесно постигнуваше голови, со што се покажаа слабостите во играта во одбраната. Темпото го оддржувавме до 9:9, за во финишот да почнеме да примаме (пре)лесни голови за огромна разлика за фаворитите.
Дејан Манасков со четири гола е најефикасен во македонската репрезентација, Филип Кузмановски има три гола, додека кај Норвежаните, Сандер Сагосен со 4 и Магнус Гулеруд и Магнус Абелвик Род имаат по три гола.