Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
На „Спа-Франкоршамп“, Норис ја регистрираше својата четврта пол позиција оваа сезона, со време од 1:40.562 минути, со 85 илјадитинки предност пред својот тимски колега Оскар Пјастри, инаку лидер во генералниот пласман.
Најдобар од останатите беше Шарл Леклер во Ферари, кој беше нешто повеќе од три десетинки зад Норис, додека победникот во спринт Макс Верстапен го освои четвртото место. Иако Пјастре беше подобар од возачот на Мекларен од почетокот на тркачкиот викенд, Норис беше попрецизен во квалификациите, а мала грешка го чинеше многу Австралијанецот. Сепак, дуото на британскиот тим никогаш не беше загрозено на самиот фронт, а во борбата за третото место, Леклер беше подобар од Верстапен за само три илјадитинки, бидејќи бранителот на титулата погрешно започна брз круг.