Нуркиќ: Татко ми претепал 14 луѓе, така мојот прв тренер дознал за мене!

Нуркиќ: Татко ми претепал 14 луѓе, така мојот прв тренер дознал за мене!

пред 4 години

Босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ (26) кој е член на НБА тимот Портланд Трејлблејзерс ќе ја игра својата седма сезона во најквалитетната лига во светот.

Првите три сезони во НБА ги помина во Денвер Нагетс, а следните три во Портланд

Во интервјуто за „Basketball Network“ насмеа многумина со своите изјави. Тој рече дека со кошарка почнал да се занимава од 14 години.

„Зошто почнав? Немам поим. Еден ден во мојот дом дојде Енес Трновчевиќ и рече дека сум најдоброто момче од генерацијата 1994 во БиХ. Гледав и не можев да верувам. Тој навистина беше сигурен дека еден ден ќе бидам во најсилната светска лига , но денес ми е јасно како знаел“ рече поранешниот кошаркар на Задар и Цедевита.

Нуркиќ доби прашање за тоа дали е вистина дека неговиот прв тренер (Трновчевиќ) за него чул откако татко му во кафе бар претепал 14 луѓе:

„Претепал 14 луѓе, да, вистина е. Трновчевиќ тоа го прочитал во весник и ме нашол. Многу луда приказна, но едноставно така било судено“ заклучи корпулентниот кошаркар.

Share
Scroll to Top