НХЛ пак ќе ги пушти хокеарите на Олимпијада

НХЛ пак ќе ги пушти хокеарите на Олимпијада

пред 3 години

НХЛ лигата во договор со асоцијацијата на играчи (НХЛПА) се договорија со Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да дозволат професионалните хокеари да настапат на Зимската Олимпијада во Пекинг во 2022.

Договорот има клаузула со која НХЛ може да се повлече од Олимпијадата ако се влоши ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, или лигата има презакажување на својот распоред поради болеста. Како дел од договорот, ИОЦ и Интернационалната хокеарска федерација (ИИХФ) ќе ги покријат трошоците за патување и за осигурување на хокеарите.

Откако на НХЛ ѕвездите им беше дозволено учество на пет Олимпијади во низа, во 2018 година во Пјеонгчанг, НХЛ реши да не им дозволи да настапат поради „нарушување на календарот“.

Share
Scroll to Top