Објавени номинациите за престиѓната награда Лауреус

Објавени номинациите за престиѓната награда Лауреус

пред 4 часа

Престижната светска спортска награда „Лауреус“ се доделува и оваа година, а списокот на кандидати штотуку беше објавен.

„Лауреус“ е признат како „врвна светска спортска награда“ како златен стандард за најголемите ѕвезди од светот на спортот кои се надеваат секоја година да го имаат своето име на списокот на победници, на кој се вклучени најдобрите на сите времиња.

Шесте номинирани во секоја од седумте традиционални категории беа избрани од глобалниот медиумски панел „Лауреус“ од 1.300 членови, а во случајот со наградата за светски спортист со попреченост на годината, со гласање на Меѓународниот параолимписки комитет.

Во категоријата најдобри спортисти во светот се наоѓаат:

Карлос Алкараз (тенис), Усман Дембеле (фудбал), Арманд Дуплантис (атлетика), Марк Маркез (мотоциклизам), Тадеј Погачар (велосипедизам), Јаник Синер (тенис).

Во категоријата најдобра спортистка кандидатки се:

Аитана Бонмати (фудбал), Мелиса Џеферсон-Вуден (атлетика), Фејт Кипиегон (атлетика), Кејти Ледеки (пливање), Сидни Меклафлин-Леврон (атлетика), Арина Сабаленка (тенис).

За најдобра спортска екипа беа номинирани:

Женска репрезентација на Англија (фудбал), Европски Рајдер куп тим (голф), Женска репрезентација на Индија (крикет), Мекларен (Формула 1), Оклахома Сити Тандер (кошарка), Париз Сен Жермен (фудбал).

Спортисти кои „пробија“:

Дезире Дуе (фудбал), Жоао Фонсека (тенис), Шеј Гилџес-Александер (кошарка), Лук Литлер (пикадо), Ландо Норис (Формула 1), Ју Зиди (пливање).

Најдобаро кам-бек:

Аманда Анисимова (тенис), Еган Бернал (велосипедизам), Рори МекЕлрој (голф), Џулимар Рохас (атлетика), Леа Вилијамсон (фудбал), Сајмон Јејтс (велосипедизам).

Спортист на годината во категоријата за лица со попреченост:

Габриел Араухо (пара-пливање), Симоне Барлам (пара-пливање), Кетрин Дебрунер (пара-атлетика), Келси ДиКлаудио (пара-хокеј), Дејвид Кратовил (пара-пливање), Киара Родригез (пара-атлетика).

Од екстремните спортови беа номинирани:

Јаго Дора (сурфање), Килијан Џорн (ултра-трчање), Клое Ким (сноуборд), Рејса Лил (скејтборд), Моли Пиклум (сурфање), Том Пидкок (велосипедизам).

Share
Scroll to Top