Ова не Јувентус не му се случило 16 години

Ова не Јувентус не му се случило 16 години

пред 6 часа

Хрватскиот тренер Игор Тудор беше поразен со Јувентус на гостувањето кај Реал Мадрид со резултат од 1:0 во третото коло од Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Џуд Белингам во 57-та минута.

Поразот во Мадрид, ја продолжи црната серија на италијанскиот тим. Јувентус е седум натпревари без победа во сите натпреварувања.

Сè започна со нерешен резултат 4:4 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, а продолжи со нерешените резултати против Верона (1:1), Аталанта (1:1), Виљареал (2:2), Милан (0:0) и кулминираше со порази против Комо (2:0) и синоќа против Реал (1:0).

Седум последователни натпревари без победа е низа каква што клубот немал цели 16 години, кога Клаудио Раниери беше на клупата на „Старата дама“.

Легендарниот Италијанец одигра осум натпревари без победа помеѓу април и мај 2009 година, со шест нерешени резултати и два порази.

Share
Scroll to Top