Одбојкарите од државата бараат премија каква што добија фудбалерите

Одбојкарите од државата бараат премија каква што добија фудбалерите

пред 4 години

Македонската одбојкарска репрезентација, во саботата, избори пласман на Европското првенство. Денес големиот успех им го честиташе првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Во делегацијата која го посети АМС беа претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и репрезентативците Ристо Николов и Владо Митев.

Одбојкарите од Федерацијата како награда за изборениот пласман ќе поделат 20.000 евра. Тие очекуваат Владата да ги награди исто како што ги награди фудбалерите. Фудбалските репрезентативци добија по 10.000 евра за изборениот пласман на Европското првенство.

„Ако сме рамноправни спортисти со сите, тогаш би сакал и одбојкарите од државата да ја добијат иста награда каква што добија фудбалерите за пласман на Евро 2021“, рече првиот човек на ОФМ Петар Јовановски.

Share
Scroll to Top