„Олд Трафорд“ ќе замине во историјата

„Олд Трафорд“ ќе замине во историјата

пред 12 месеци

Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф стана сопственик на 25 отсто од Манчестер јунајтед. За влез во клубот издвои 1,3 милијарди фунти и планира огромни инвестиции со оглед на тоа што е задолжен за спортскиот сегмент на клубот. Меѓу плановите е и уривање на „Олд Трафорд“ и изградба на нов стадион.

Еден од најбогатите луѓе во Велика Британија е подготвен да вложи дури две милијарди фунти во тој проект. Постои опција за реновирање на одредени делови, но многу поизвесно е дека Театарот на соништата наскоро ќе стане руина.

Извршниот директор на архитектонската компанија „Популос“, Крис Ли смета дека новиот стадион е најисплатливото решение за Манчестер јунајтед.

„Не би сакал да го видам урнат „Олд Трафорд“, но чувствувам дека новата верзија на стадионот може да се покаже како најисплатливо решение“, изјави Ли за „Телеграф“ и продолжи.

„Да, расходите во тој случај се најголеми од сите опции, но има толку многу земја на располагање што Јунајтед не би имал пад на приходите од натпреварите поради градежните работи. Архитектонски, на просторот кои стои на располагање, може да се направи нешто навистина иновативно и возбудливо“, истакнува Ли.

Олд Трафорд е дом на Манчестер Јунајтед од 1910 година.

Сер Џејмс Ретклиф е еден од најбогатите луѓе во светот. Според некои проценки, неговото богатство надминува 30 милијарди фунти.

Своето богатство го стекнал во хемиски инженеринг. Компанијата „ИНЕОС“ е позната во целиот свет, а дел од парите што ги заработува се вложуваат во бројни спортски проекти.

Ретклиф моментално е мнозински сопственик на Ница во Франција и Лозана во Швајцарија, инвестираше и во велосипедизмот, еден е од главните спонзори на Формуле 1 тимот „Мерцедес“, а сега си ја исполни долгогодишната желба и влезе во Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top