Оле добива „само“ 150 милиони фунти за трансфери?

Оле добива „само“ 150 милиони фунти за трансфери?

пред 3 години

Оле Гунар Солскјер ќе има достапни 150 милиони фунти за трансфери ова лето и ќе мора да направи приоритет на кои позиции му се најпотребни фудбалери, тврди „ЕСПН“ и покрај неговата желба за еден дефанзивец, еден фудбалер од средниот ред и еден напаѓач.

Семејството Глејзер ќе има одреден буџет за нови фудбалери во текот на летото, но клубот уште се опоравува од финансискиот удар по пандемијата на КОВИД-19 и средствата нема да бидат неограничени, иако самиот Солскјер изјави дека му се потребни три нови фудбалери.

Џејдон Санчо, Хери Кејн, Џек Грилиш, Пау Торес, Свен Ботман, Рафаел Варан, Деклан Рајс и Макс Аронс се меѓу фудбалерите кои се главни цели на „ѓаволите“.

Договор за Санчо, кого се обидуваа да го добијат цело минато лето, е веројатен, но Манчестер сити се големи ривали за Кејн и Грилиш, додека Реал Мадрид се обидуваат да го заддржат Варан.

Покрај три нови фудбалери, се очекува и најмалку тројца фудбалери да заминат. Андреас Переира помина сезона на позјамица во Лацио, додека Диого Далот беше во Милан, кои сакаат да го заддржат. Останува да се види дали и 28-годишниот Џеси Лингард ќе остане во Вест хем на постојан договор, бидејќи има уште една сезона од договорот со „ѓаволите“.

Share
Scroll to Top