Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал.
Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси.
Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од Премиер лигата против Брајтон.
Ал Хилал со тоа заврши уште еден голем договор, откако претходно ги договори сите услови со Габриел Мартинели, кој пристигнува од Арсенал во пакет од 65.000.000 евра.
Од друга страна, останува да се види што ќе направи Астон Вила на крајот од преодниот рок, но се знае дека Николас Џексон се договорил за трансфер и дека сигурно ќе се пресели од Челзи на „Вила Парк“ за дури 70.000.000 евра во следните 48 часа.
Сепак, Вила ќе мора да доведе уште неколку засилувања, бидејќи собраа речиси 250.000.000 евра од Езри Конса, Морган Роџерс и Јури Тилеманс, а најскапото засилување од 60.000.000 е Јохан Манзамби од Фрајбург, додека Жоао Гомеш пристигна од Вулверхемптон за 40.000.000, голманот Зајон Сузуки од Парма дојде за 30.000.000, а дефанзивецот Матео Руџери за 25.000.000 евра.
Foto/ Depositphotos






