Оливер Гласнер не сака да го продолжи договорот

Оливер Гласнер не сака да го продолжи договорот

пред 2 часа

Австрискиот тренер Оливер Гласнер има намера да го смени клубот на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот со Кристал Палас.

Оваа вест ја објави секогаш добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо.

„Оливер Гласнер не планира да потпише нов договор со Кристал Палас. Австрискиот тренер донесе одлука и сега е фокусиран да продолжи со својата одлична работа оваа сезона“, напиша италијанскиот новинар.

Австрискиот тренер го презеде Кристал Палас во февруари 2024 година во време кога тимот беше во долниот дел од табелата во Премиер лигата. денес.

Во таа прва полусезона во Премиер лигата, тој постигна некои неверојатни резултати. Ја забележа својата прва победа на гости на 14 април на „Енфилд“, со што ја прекина серијата од 29 натпревари без пораз на Ливерпул дома.

Три недели подоцна на „Селхерст Парк“, тој го победи Манчестер Јунајтед со 4:0, што е прв пат во Премиер лигата Палас да ги победи Црвените ѓаволи во двата натпревари од сезоната. Конечно, на последниот ден од сезоната, неговиот тим ја декласираше Астон Вила со 5:0 и ја израмни рекордната победа на Палас во историјата на Премиер лигата.

Минатата сезона беше уште поуспешна, тој му го донесе на Кристал Палас првиот трофеј во 119-годишната историја на клубот кога го победија големиот фаворит Манчестер Сити на Гвардиола на „Вембли“ и го освоија ФА Купот.

Новата сезона ја започна со трофеј во Черити Шилд (Суперкупот на Англија) во август со победа на пенали против шампионот Ливерпул.

Во меѓувреме, ги победија „Црвените“ во Премиер лигата и ги елиминираа од Лига Купот.

Палас моментално е осми на табелата.

Инаку, досега најголемиот успех во кариерата на 51-годишниот тренер е освојувањето на титулата во Лига Европа, во 2022 година со Ајнтрахт Франкфурт.

foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top