Олимпик Марсеј ја продолжија црната серија во ЛШ

Олимпик Марсеј ја продолжија црната серија во ЛШ

пред 4 години

Олимпик Марсеј ја продолжи низата на порази во Лигата на шампионите. Синоќа, против Манчестер сити, Олимпик Марсеј го запиша 11 пораз во елитното натпреварување.

Црната резултатска серија, фудбалерите од „Велодром“, ја започнаа во сезоната 2011/12 со поразот од Интер во осмина-финалето (2:1). Во оваа сезона Олимпик испадна во четврт-финалето со двата порази од Баерн Минхен (2:0, 2:0).

Во наредните учества на клубот во Лигата на шампионите, Олимпик губеле од Арсенал (2:1), Борусија Дортмунд (3:0), Наполи (2:1, 3:2), Арсенал (2:0), Борусија Дортмунд (2:1), Олимпијакос (1:0) и Манчестер сити (3:0).

11 порази во низа во Лигата на шампионите има и Динамо Загреб и тоа во сезоните 2011/12 и 2012/13.

На врвот на оваа листа се наоѓа најславниот клуб од Белгија, Андерлехт. Овој клуб од 2002 до 2005 забележал 12 порази во низа.

Share
Scroll to Top