Олмо ќе ја напушти Барселона?

Олмо ќе ја напушти Барселона?

пред 11 часа

Финишот на преодниот рок може да донесе сензационален трансфер на Дани Олмо (27). Барселона се соочува со финансиски проблеми и бара нов напаѓач, а поради недостатокот на континуитет и честите повреди, Олмо се најде во незгодна ситуација и би можел да го напушти клубот.

Шпанскиот портал „Фичхјес“, пишува дека одличната предсезона на Фермин Лопез дополнително го намалила неговиот простор во тимот.

Доаѓањето на Маркус Рашфорд треба да ја затвори позицијата лево крило, Рафиња играл како „десетка“, а Фермин и Гави можат да играат зад напаѓачите. Во Барселона, затоа, веруваат дека продажбата на Олм би била логичен потег, особено ако се земе предвид неговата склоност кон повреди и фактот дека трансферот би донел 60 милиони евра.

Олмо пристигна во Барселона во 2024 година и оттогаш одигра 39 натпревари со 12 гола и седум асистенции. И покрај талентот што го цени тренерот Ханси Флик, повредите и недостатокот на континуитет го спречија да стане стандарден член на првиот тим.

Нема недостиг од интерес за шпанскиот репрезентативец, а истиот извор наведува дека Тотенхем е сериозно заинтересиран. На Спарс им е потребен креативен играч со искуство бидејќи Џејмс Медисон неодамна претрпе сериозна повреда, па Олмо би можел да биде идеално решение. Се наведува дека поранешниот играч на Динамо е достапен за бројка од 60-70 милиони евра.

Share
Scroll to Top