Легендарниот Рони О’Саливен ја освои својата прва титула во 2021 година, откако во неверојатна „пресметка“ со Нил Робертсон, успеа да се врати од 6:7 негатива за 10:8 победа на Светското Гран При, за негова 38. ренкинг титула во кариерата.
„Ракетата“ немаше освоено трофеј од шестата светска титула минатата година, и токму оваа недела се правдаше дека по долгите години на снукер-турнејата заслужува да има и „лоши денови“, но неделата не беше таква за него.