Откажан АТП купот

Откажан АТП купот

пред 3 години

АТП купот во Австралија за 2021 година е откажан, објавија локалните медиуми. Поради пандемијата на коронавирусот, а на инсистирање на локалните власти, второот издание на турнирот, кој лани се играше Бризбејн, Сиднеј и Перт е откажано.

Првото издание на овој турнир, на кој учествуваат репрезентации, го освои Србија со Новак Ѓоковиќ.

Во меѓувреме Тенискиот сојуз на Австралија соопшти дека првиот гренд сем во сезоната, Австралија опен, ќе се одржи но не во стандардниот термин, туку дека тој ќе започне една или две недели подоцна.

Исто така, властите во Австралија, дозволиле да се одржат останатите турнири, но под услов тие да се играат само во сојузната држава Викторија.

Share
Scroll to Top