Славниот „факс“ со кој Лионел Меси минатата сезона се обиде да замине од Барселона е откриен од весникот „Ел мундо депортиво“, со датум од 24 август 2020, само девет дена откако Барселона загуби со катастрофални 8:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампиони.
Меси се обиде да си замине со факс упатен до тогашниот претседател Жозеп Марија Бартомеу, обвинувајќи го дека катастрофално го води тимот. Тој се повика на клаузулата во неговиот договор со која можеше да замине, но таа истекнуваше на 10 јуни, и на крајот помина уште една сезона на „Ноу Камп“, пред да замине ова лето откако Барселона не успеа да го регистрира неговиот договор.
„Сфаќам дека временската рамка за еднострано прекинување на договорот е помината, но фудбалската сезона 2019/20 имаше исклучителни околности поради пандемијата на КОВИД-19.и затоа сезоната заврши сега, а не на 10 јуни. Во секој случај, се почитува правилото да се достави барање во 10 дена од крајот на сезоната, и затоа го исполнувам своето право за поништување на договорот ефектно од 30 август“, се вели во писмото.
Барселона тврдеше дека опцијата за раскинување веќе не важи, а Меси наместо да се обиде да оди на суд да го докаже своето право, остана уште една сезона.
❗ El burofax que envió Messi al Barça el 24 de agosto de 2020 ?https://t.co/HgtcjamEE6
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) September 5, 2021