Официјално: Венсан Компани е нов тренер на Баерн

Официјално: Венсан Компани е нов тренер на Баерн

пред 6 месеци

Венсан Компани, поранешниот менаџер на англискиот премиерлигаш Барнли, е назначен за нов тренер на Баерн Минхен.

Договорот со 38-годишниот Белгиец е потпишан на три години, до летото 2027 година.

Компани го наследи Томас Тухел, со кого Баерн заврши на третото место во Бундеслигата. За прв пат по 12 години, славниот клуб од Минхен не освои ниту еден трофеј во сезоната.

„Се радувам на предизвикот во Баерн. За мене е голема чест што го претставувам овој клуб – Баерн е институција на светскиот фудбал“, изјави Венсан Компани по повод именувањето.

Компани го донесе Барнли во Премиер лигата пред една година, но оваа сезона тие завршија на 19-то место и испаднаа. Белгиецот претходно беше тренер на Андерлехт.

„Сакам кога мојот тим ја има топката, кога е креативен, но мораме да бидеме агресивни и храбри на теренот. Се радувам за работата со играчите и процесот на градење на тимот. Кога има основа, доаѓа успехот“, изјави Компани за официјалниот сајт на Баерн.

Share
Scroll to Top