На Олимписките игри во Токио е соборен првиот светски рекорд, а тоа од рака им појде на пливачките од Австралија.
Тие во штафетата 4 x 100 метри слободен стил освоија злато со подобрување на светскиот рекорд.
Штафетата сочинета од Мег Харис, Ема Мекион, Бронте Кемпел и Кејт Кембел неа први со резултат 3:29,69 што е за 36 десетинки подобро од претходното време кое исто така беше поставено од штафета на Австралија.
Ова е трето злато во низа за австралиската штафета, по Игрите во Лондон и Рио.
Среброто и припадна на Канада со време 3:32.78, додека бронзата оди за САД со време 3:32.81.