Пангос ги однесе Зенит во плејофот во Евролигата, „извиси“ Валенсија

Пангос ги однесе Зенит во плејофот во Евролигата, „извиси“ Валенсија

пред 3 години

Кевин Пангос ги предводеше Зенит Санкт Петерсбург до убедлива победа од 112:83 над Панатинаикос за првпат во историјата на клубот да се пласираат во плејофот во Евролигата.

Со победата, Зенит го освои осмото место по регуларната сезона и обезбеди дуел со првиот носител Барселона во плејофот.

Пангос во 33 минути имаше 33 поени и 11 асистенции, а Вил Томас го следеше со 18 поени без утка, а Били Барон додаде 12 поени. Немања Недовиќ беше најдобар за Панатинаикос со 20 поени, а Јанис Папапетру додаде 16 поени.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ

Барселона – Зенит Санкт Петерсбург

ЦКСА Москва – Фенербахче

Анадолу Ефес – Реал Мадрид

Армани Милано – Баерн Минхен

Share
Scroll to Top