Паузата на полувремето во финалето ќе трае 30 минути

Паузата на полувремето во финалето ќе трае 30 минути

пред 4 часа

ФИФА одлучи да направи преседан за финалето на Светското првенство, паузата помеѓу двете полувремиња ќе трае дури 30 минути, што е сосема невообичаено за натпревар од ова ниво.

Причината за овој потег е големиот музички спектакл што ќе биде организиран за време на полувремето, а на сцената треба да се појават светски ѕвезди како Џастин Бибер, Шакира, Мадона, БТС, Брн Бој и Колдплеј.

Шпанските медиуми истакнуваат дека оваа одлука на ФИФА, ќе и наштети на „црвената фурија“, која на Светското првенство ја гради играта на висок интензитет, брз проток на топката и постојан притисок врз противникот.

Толку долга пауза би можела да го наруши ритамот на играта и да го промени текот на финалето, особено за тимот на Луис де ла Фуенте, кој во претходниот дел од турнирот често ги кршеше ривалите токму во периодите кога одржуваа високо темпо.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top