Францускиот офанзивен играч од средниот ред, Дмитри Паје, го објави крајот на кариерата седум дена пред неговиот 39-ти роденден. Поранешниот играч на Екселсиор од неговиот роден Реунион, Нант, Сент Етјен, Лил, Марсеј, Вест Хем и Васко де Гама го стори тоа по 22 сезони во професионален фудбал и речиси 800 натпревари.
Пресвртница во животот на „десетката“ висока 175 см беше неговото доаѓање во Нант во 2005 година, каде што помина две сезони, но остана двојно подолго во Сент Етјен. Следеа уште две сезони во Лил и Марсеј, а тој доби можност да го покаже својот величествен талент во Англија носејќи го дресот на Вест Хем од летото 2015 година до јануари 2017 година, кога се врати во Марсеј.
Вториот мандат на Велодром беше далеку позначаен. Паје беше дел од тимот што играше во финалето во Лигата на Европа во 2018 година, ноМарсеј доживеа убедлив пораз од Атлетико Мадрид (0:3).
Кога станува збор за индивидуални награди, Паје беше прогласен за најдобар играч на француската Лига 1 во три наврати (2013, 2015 и 2022), беше играч на сезоната во Марсеј во 2015 и 2022 година, додека по дебитантската сезона во Вест Хем беше прогласен за „Чекан на годината“.
Со Франција играше на ЕП во 2016 година. Постигна три гола, вклучувајќи го и победничкиот во првиот натпревар од првенството против Романија од 2:1, но „Галските петли“ не успеаја да ги победат Португалците пред домашната публика во финалето. Тој го носеше дресот на „триколорите“ во 38 наврати и постигна осум гола.
Последните три сезони од својата кариера ги помина во Бразил, како играч на Васко де Гама, но во последната сезона (2025) одигра само 17 натпревари.
Foto/ Depositphotos






