Педроса ќе вози на „Ред Бул ринг“

Педроса ќе вози на „Ред Бул ринг“

пред 3 години

Шпанскиот мотоциклист, Дани Педроса, добил специјална покана да вози за КТМ на Големата награда на Штаерска.

Педроса, кариерата ја заврши во 2018 година на трката за Големата награда на Валенсија. Веднаш потоа стана тест возач на австрискиот тим.

Во последните две и пол години, неколку пати изјави дека не е заинтересиран за никакви специјални покани, но очигледно се премислил.

Тој ќе се најде на патеката во текот на тркачкиот викенд на „Ред Бул ринг“, кој ќе започне на 6.август.

Шпанецот, целата кариера, која траеше 13 години, ја мина во Хонда. Вкупно забележал 31 победа, 112 пати бил меѓу најдобрите тројца.

Не успеал да стане светски првак, три пати бил втор во генералниот пласман.

Share
Scroll to Top