Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите

Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите

пред 13 часа

Ракометарите на Пелистер со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола македонскиот првак го победи Загреб со 25:23 (13:12).

Натпреварот беше тврд и неизвесен, на крајот пелистерци имаа среќа и ја остварија победата.

Пелистер водеше во текот на целото прво полувреме, најмногу со три гола, но Загреб во ниту еден момент не му дозволи на протигвникот да се одлепи. Со два гола гостите го заклучија првиот дел (13:12).

Стартот на вториот дел им припадна на гостите, со серија од четири гола го презедоа водството (14:16). Пелистер одговори со три гола (19:18), а во последните 10 минути домашните влегоа со предност од три гола (23:20, 24:21).

Сепак Пелистерци дозволија мечот да има драматичен финиш. Пешевски при резултат 24:23 промаши зицер на 24 секунди до крајот. Загреб лошо го одигра последниот напад, Хеидарирад го одбрани шутот на Кларица, а потоа на празен гол погоди, со што ја круниса добрата партија во вториот дел.

Иранскиот голман забележа шест одбрани, додека најефикасни беа Мансков со осум и Кузмановски со шест гола.

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Share
Scroll to Top