Пеп: Кога бевме подобри, ни дадоа гол, кога тие беа подобри, ние им дадовме гол

Пеп: Кога бевме подобри, ни дадоа гол, кога тие беа подобри, ние им дадовме гол

пред 1 година

Пеп Гвардиола признава дека е помалку исфрустриран што неговиот тим не успеа да направи предност на гостувањето кај Реал Мадрид, но вели дека ќе биде поинаки пред својата публика во Манчестер.

„Кога бевме подобри, тие дадоа гол. Кога тие беа подобри, ние дадовме гол. Тесен, тесен меч. ‘Бернабеу’ во полуфинале, понекогаш имаш добри, понекогаш тешки моменти, посебно со квалитетот кој тие го имаат со топката. Следната среда сме дома пред нашите луѓе. Со нивното искуство и квалитет не е лесно“, вели Гвардиола.

И покрај тоа што Ерлинг Халанд имаше малку простор за игра, Гвардиола не направи ниту една замена на мечот и беше задоволен од Норвежанецот.

„Далечината помеѓу централниот дефанзивец и бековите беше покриена и не беше лесно за Ерлинг. Сепак, тој се движеше добро и имаше шанси“, додава Гвардиола.

Share
Scroll to Top