Пеп: Подобар тренер сум со Сити отколку што бев во Барселона

Пеп: Подобар тренер сум со Сити отколку што бев во Барселона

пред 3 години

Пеп Гвардиола тврди дека сега е далеку подобар тренер со Манчестер сити во споредба со фантастичните четири сезони во Барселона, кога признава дека имал поголема анксиозност и нервоза околу својата работа.

Пред денешното дерби со Ливерпул, меч кој може да ја реши титулата во Премиерлигата (Сити имаат поен предност пред ривалите), Гвардиола е навикнат на притисокот на својата работа, посебно бидејќи уште не успеал да ја освои титулата од Лигата на шампионите со богатиот англиски клуб.

„Кога почнував во Барселона, бев нервозен и анксиозен за сите ситници, почувствителен на критики. Сега, ситуациите ги решавам посмирено.  Научив многу во Сити и сега сум целосно поинаков менџер, подобар менаџер поради искуството“, вели Гвардиола.

Неговата Барселона, првиот голем тим кој го предводеше, во тие четири години освои 14 трофеи, вклучувајќи три од Ла лига и два трофеи од Лигата на шампионите. Со Сити, тој има 10 трофеи во шест години, вклучувајќи три трофеи од Премиерлигата, но ниту еден од ЛШ.

Share
Scroll to Top