Првиот човек на Реал и Мадрид и новоформираната Суперлига, Флорентино Перез, проговори за судирот помеѓу УЕФА и 12 клубови кои ја основаа новата лига.
На почетокот Перез ја коментирал најавата дека клубовите кои се во Суперлигата (Реал, Манчестер сити, Челси), можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите и титулата да им биде доделена на ПСЖ.
„100 отсто сум сигурен дека Реал, Манчестер сити и Челси нема да бидат исфрлени. Тоа не е можно“, рекол Перез.
Тој, исто така рекол, дека никој на фудбалерите нема да им забрани да играат за своите репрезентации. Перез тврди дека и соработката со УЕФА не е завршена.
„УЕФА го држи монополот, тука треба да има повеќе транспарентност. Сакаме да го сочуваме фудбалот и во наредните 20 години, а живееме во време кога фудбалот е под сериозна закана. Во 2000 година дојдов во Реал да го спасам клубот, денес сум тука да го спасам фудбалот. Со Суперлигата ќе заработуваме многу повеќе. Ако победиш во УЕФА натпреварување добиваш 120, 130 милиони евра. Со Суперлигата ќе заработуваме многу повеќе. Ние, како што истакнавме во соопштението, ќе разговараме со УЕФА. Мораме да разговараме за тие пет места слободни места во Суперлигата. УЕФА работеше на новиот формат во Лигата на шампионите, кој замене, да бидам искрен, е неразбирлив. Сакаме да го спасиме фудбалот. Главна атракција се натпреварите на големите клубови. Фудбалот е како пирамида. Оние кои ќе заработуваат најмногу, ќе можат да купуваат играчи за повеќе пари, значи дека и другите ќе заработуваат повеќе“.
На крајот рекол дека Суперлигата нема целосно да биде затворена.
„Ова нема да биде затворена лига. Секој ќе има шанса да ги пополни тие преостанати пет места“.