Перез: Раул и Касилјас се најголемите измами на Реал Мадрид!

Перез: Раул и Касилјас се најголемите измами на Реал Мадрид!

пред 3 години

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е на удар на шпанската јавноста откако се појавија аудио снимки на кои тој жестоко зборува против две легенди на кралскиот клуб – Раул Гонзалез и Икер Касилјас.

„Бекам е добро момче. Роналдо и Зидан исто така кои продаваат и голем број на дресови. Од друга страна го имаш Раул Гонзалез кој е лош човек, а во годината не успева да продаде ниту еден дрес и нема никакво медиско влијание. Тој е многу лош човек кој мисли дека Реал Мадрид е негова сопственост. Го уништува клубот и моралот на играчите. Касилјас е најголемата измама во историјата на Реал. На второто место е Раул. Суштината е што навивачите го обожаваат Икер. Не знам зошто го бранат толку. Тие се двете најголеми измами во историјата на клубот“ – се вели аудио снимките, на кои се слуша гласот на Перез.

Претседателот на Реал по прозивките изјави сека се работи на стратегија за оцрнување на неговото име од страна на одредени медиуми во Шпанија.

Од шпански „El Konfidensal” информираат дека засега објавуваат само дело во аудио материјалот кој им е на располагање, а целиот разговор ќе биде објавен следниот викенд.

Share
Scroll to Top