Пикси мора да ја победи Албанија ако сака да остане селектор

Пикси мора да ја победи Албанија ако сака да остане селектор

пред 10 часа

Драган Стојковиќ Пикси нема да добие отказ по дебаклот против Англија во квалификациите за СП. Србија загуби со 0:5 во Белград, што предизвика негодување кај навивачите и спортската јавност, поради тактиката и изборит на играчите за дуелот со Англичаните.

„Натпреварот со Англија беше разочарувачки, не само по резултатот (0:5), туку и по сè што беше прикажано. Сега, за само три недели, имаме собир за најважниот натпревар во квалификациите, за натпреварот со Албанија, кој директно ќе одлучи кој ќе оди во плејофот за Светското првенство. Тој натпревар е наш апсолутен приоритет во моментов. Имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови, во сериозни лиги, порано ја правеа нацијата среќна и верувам дека можат да го сторат тоа и овој пат.

Што се однесува до тренерот Драган Стојковиќ, имаме јасни очекувања од него, а тоа е нашата репрезентација да игра на највисоко можно ниво со јасна победничка амбиција, од првата до последната минута. По тој натпревар, телата на Федерацијата и Извршниот одбор ќе ги разгледаат извештаите на спортскиот сектор за претходниот период и соодветно ќе донесат одлуки во доменот на нивната надлежност“, рече генералниот секретар на ФСС, Бранко Радуљко.

Во квалификациската група за Светското првенство, Србија е на третото место со седум бода од четири натпревари. Заостанува зад Англија, која има максимални 15 бода, и Албанија со осум бода од пет натпревари.

Екипата на Пикси ќе го игра својот следен натпревар на 11 октомври против Албанија, а три дена подоцна ќе гостува кај Андора.

Share
Scroll to Top