Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ја доби сатиричната италијанска „награда“ со име „Златен тапир“, која се доделува на најголемото промашување во текот на една недела, поради неговиот спор старт со Јуве.
Два дена по поразот во ЛШ од Барселона, тој ја доби наградата додека со својот автомобил пристигна во тренинг-центарот на Јувентус и остана сигурен.
„Не се плашам да го изедам панетонот“, изјави Пирло за „Стриша ла нотиција“, посочувајќи кон колачот кој обично се јаде за Нова Година, односно кажувајќи дека не стравува од отказ пред Божиќ.
Во минатото оваа „награда“ ја добија и директорот на Милан, Паоло Малдини, голманот на „росонерите“ Џанлуиџи Донарума, голманот Џанлуиџи Буфон, како и Даниеле де Роси.
#Pirlo, ecco il #TapirodOro: “#Juve in rodaggio, ma mangerò il panettone” https://t.co/kglQSHF1Vn
— Corriere dello Sport (@CorSport) October 30, 2020