Пирло: Сакам да видам крв во очите на фудбалерите, а не „кисели“ лица!

Пирло: Сакам да видам крв во очите на фудбалерите, а не „кисели“ лица!

пред 4 години

Јувентус во неделата доживеа теок пораз од Милан во Торино (0-3) и на три кола до крајот на првенството е на петта позиција која не носи пласман во ЛШ идната сезона.

Ако „Старата дама“ не успее да се избори барем за четврта позиција на табелата, ќе загуби најмалку 90 милиони евра што би било голем потрес за клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека дошло до кавга на паркингот пред стадионот меѓу Павел Недвед и спортскиот директор Фабио Паратичи кој се залага за смена на тренерот Андреа Пирло уште по неделниот меч.

Сепак се чини дека кормиларот на Јуве ќе ја заврши сезоната на позицијата, но на прес-конференцијата пред следниот предизвик против Сасуоло тој вели дека е крајно разочаран со настапот против „Росонерите“.

„Сега мора да дадеме се од себе, не чекаат три страшн важни натпревари. Не сакам кај играчите да гледам `кисели` лица. Ова ќе е тест за колективната гордост. Лути сме, сега мора да се даде максимум. На бод сме до зоната која носи пласман во ЛШ, имаме голема шанса да се избориме. Во својата кариера сум видел и порази и победи во последните моменти, изгубив финале во ЛШ, а на полувреме имав 3:0. Мора да се има голема желба, не смееме да си дозволиме уште еден настап како оној против Милан. Сакам да видам крв во очите на фудбалерите кога ќе излезат на терен“ – рече Пирло.

Share
Scroll to Top