Дејан Кулушевски (26), Швеѓанец со македонски корени направи голем чекор кон враќање на теренот по сериозната повреда што го спречи да игра повеќе од 500 дена. Како што пишува „Лондон Ивнинг Стандард“, Кулушевски играл на тренинг натпревар за време на репрезентативната пауза, што беше негов прв настап по мај 2025 година.
Кулушевски учествуваше во натпревар 11 против 11 во тренинг центарот на Тотенхем „Хотспур Веј“. Тој играше за тим составен од играчи од првиот тим на Тотенхем против комбиниран тим составен од фудбалери од У-18 и У-21 тимот на Тотенхем. Не е познато колку минути помина на теренот или какви перформанси постигна, но за 26-годишниот фудбалер ова е важен чекор по долго закрепнување.
Кулушевски го одигра својот последен официјален натпревар во мај 2025 година, кога Тотенхем загуби од Кристал Палас со 0:2. Тогаш ја повреди чашката на коленото, а проблемот се покажа многу посериозен отколку што првично се очекуваше.
Токогашниот тренер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, првично ја опиша повредата како мал проблем, но репрезентативецот на Шведска мораше да се подложи на две операции во период од десет месеци.
Поради компликации и долго закрепнување, тој го пропушти остатокот од сезоната 2024/25, целата сезпна 2025/26 и почетокот на тековната сезона.
На почетокот на септември, тој се врати на тренинзи со првиот тим, но наскоро повторно мораше да престане да работи поради нови тешкотии. Тренерот Роберто Де Зерби објасни дека ова е чест проблем кај играчите кои биле надвор од терените толку долго.
Во меѓувреме, Кулушевски им се придружи на своите соиграчи, а сега, за прв пат по повредата, учествуваше на тренинг натпревар.
И покрај позитивните вести, сè уште не е познато кога Кулушевски повторно ќе игра во Премиер лигата. Медицинскиот тим на Тотенхем, предводен од директорот за фитнес и перформанси, Ден Левиндон, внимателно го следи неговото закрепнување и не сака да брза со неговото враќање.
Швеѓанецот сè уште не настапил под водство на Де Зерби, кој го презеде Тотенхем за време на неговото отсуство. Враќањето на Кулушевски би било голем поттик за лондонскиот клуб, кој има катастрофален почеток на сезоната.
Foto/ Depositphotos






