Фудбалерите на Челзи доживеаја уште еден пораз, петти по ред, без постигнат гол. „Сините“, во Брајтон загубија со 3:0, паднаа на седмото место на табелата и прашање е дали наредната сезона ќе играат во европските купови.
Вкупната гол разлика од 11:0 докажува каква е состојбата на Челзи во последните пет натпревари.
На „Амекс“ во Брајтон, Челзи одигра уште еден лош натпревар, според она што се случуваше на теренот, можат да бидат среќни со поразот од три гола.
Многу работи не се во ред во Челзи од доаѓањето на Лиам Розениор, кој сега има повеќе порази од Енцо Мареска, а беше на клупата шест натпревари помалку од Италијанецот.
„Секогаш излегувам и ги бранам моите играчи, но ова е неодбранливо. Ова вечерва, начинот на кој примивме голови… Нешто драстично мора да се промени, веднаш“, рече Розениор.
Јасно е дека на Челзи му престои нов ремонт во летниот проден рок, а извесно е дека Розениор нема да седи на клупата наредната сезона.
Foto/ Depositphotos






