Откако Премиер лигата и Ла лига одбија да ги пуштат своите играчи во земјите од „црвената земја“, од италијанската Серија А потврдија дека ќе ги поддржат клубовите кои нема да ги пуштат фудбалерите за квалификациските мечеви за СП 2022 поради пандемијата на КОВИД.
Дури и да се вакцинирани, фудбалерите кои ќе патуваат во земјите од „црвената зона“ (практично цела Јужна Америка), при враќањето ќе мораат да одат во 10-деневен карантин.
„Сметаме дека со оваа одлука ќе се спречи разликата во конкурентност меѓу тимовите кои ќе дозволат нивните фудбалери да патуваат со тие кои нема да го дозволат тоа“, се вели во одлуката на Серија А.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино претходно побара сите лиги да ги пуштат своите играчи за репрезенативните обврски и побара бритаската влада да направи исклучок во протоколот за професионалните фудбалери, нешто што беше одбиено.