Играчот од средниот ред на Јувентус, Кефрен Тирам, оди на операција и тимот ќе мора да игра без негова помош во значителен дел од сезоната.
На почетокот на оваа недела, Французинот беше прегледан во Лион од специјалистот за третман на колена Бертран Сонери Коте, кој предложи операцијата, објави „Газета дело Спорт“.
Потребната интервенција се изведува артроскопски.
„Газета“, исто така наведува дека се проценува дека Тирам ќе биде надвор од терените во следните четири месеци, а неговото враќање се очекува во јануари 2027 година.
Да ве потсетиме, крилниот напаѓач Кенан Јилдиз има фрактура на коската на стапалото и се очекува да биде надвор од теренот околу три месеци, па тренерот на „старата дама“ Лучано Спалети се соочи со сериозен проблем, бидејќи на почетокот на сезоната остана без двајца играчи од стартната постава.
Вчера, Јувентус го доведе играчот кој треба да го замени Тирам, тоа е Папе Сар, кој пристигна од Тотенхем.
Foto/ Depositphotos






