Под знак прашалник одигрувањето на натпреварот Германија-Исланд

Под знак прашалник одигрувањето на натпреварот Германија-Исланд

пред 4 години

Под знак прашалник е одигрувањето на вечерашниот натпревар помеѓу Германија и Исланд, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварот во Ј-групата, во која се наоѓа и Македонија, на програмата е вечерва во Диузбург.

Репрезентативецот на Германија од редовите на Борусија Менхенгладбах, Јонас Хофман, бил позитивен на коронавирусот. Поради позитивниот тест на Хофман, националниот тим ги откажа сите денешни активности.

Сите германски репрезентативци се изолирани во своите соби.

Фудбалскиот сојуз на Германија е во постојана комуникација со ФИФА и УЕФА. Одлуката дали натпреварот ќе се игра, треба да биде донесена во наредните часови.

Share
Scroll to Top